На 22.06.2019 година во 19:30 часот на Градскиот базен „Маркови Кули“ – Прилеп ќе се организира професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Подготовките се веќе во завршна фаза, а билетите се пуштени во продажба во Градскиот базен „Маркови Кули“ – Прилеп по цена од 100 денари.
Ова ќе биде вистински боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг.
Мерењето и соочувањето на боксерите ќе се одржи во сабота во 11:00 часот во летната бавча на кафе барот „Оникс“.
Боксери ќе има од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Ќе има одлични борби и сите боксери ќе се борат за подобрување на рангот на светската ранг листа.
