Конами со големо закаснување во однос на претходната година ја најави новата верзија на популарната фудбалска симулација ПЕС кој во иднина ќе биде со нешто поразлично име – eFootball PES.
Од Конами најавија дека во новата верзија ќе има доста новини помеѓу кои се нови техники за дриблинг, како и некои тактички новини со кои секој играч може да се прилагоди според своите желби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така, се работеше и на појасно движење на играчите, како и во пас играта. Во врска со тоа, јапонската компанија за помош го повика најдобриот во тој сегмент, големиот Андрес Иниеста.
Додавањата и шутевите нема да бидат еднакви кога додавате или шутирате додека сте сами и додека сте под притисок на противникот.
Соиграчите на теренот ќе бидат свесни кој играч ја има во посед топката и ќе се однесуваат соодветно на неговите вештини. На пример, топката ако ја има добар дриблер, соиграчите ќе очекуваат дриблинг и свесно ќе се рашират по теренот за да не му попречуваат. Што се однесува за перформансите во прилика за дриблинг, во ПЕС 2020 пристигнаа потезите на Роналдињо, па топката можете да ја поставите и на грбот, како што тоа своевремено го правеше Роналдињо.
Датумот кога е предвидено да излезе новата ПЕС е планиран за 10.09. оваа година, а играта ќе биде достапна за PlayStation 4, Xbox One i PC (Steam).