Аргентинската легенда Диего Марадона има за план да седне на клупата на Манчестер Јунајтед.
Легендарниот фудбалер моментално е тренер на скромниот Досадос во втората мексиканска лига, но за FourFourTwo изјави дека може да го врати Манчестер Јунајтед на победничките стази.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако на Манчестер Јунајтед му треба тренер, јас сум вистинската личност за тоа. Знам дека продаваат многу дресови ширум светот, но мора да освојуваат трофеи. Тоа можам да му го донесам.“ – изјави Марадона.
„Манчестер Јунајтед долго беше мој омилен тим. Толку многу одлични играчи под водство на Фергусон. Но, сега морам да кажам – Манчестер Сити. Знам дека не смеете така лесно да менувате, но тоа е поради Кун Агуеро. Зборуваме многу и тој игра во многу добар тим.“ – додаде Марадона.