Дома Фудбал Седум фудбалери биле подмитени на сомнителниот меч Ваљадолид – Валенсија!

Седум фудбалери биле подмитени на сомнителниот меч Ваљадолид – Валенсија!

Седум фудбалери на Ваљадолид биле поткупени пред натпреварот од последното, 38-то коло од шампионатот на Шпанија против Валенсија, објавија шпанските медиуми.

Валенсија го доби мечот со 2:0, а овој натпревар е еден од 9-те сомнителни натпревари кои се под истрага од шпанските власти.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанската полиција неодамна ги уапси капитенот на Ваљадолид Борха Фернандес, како и бившиот фудбалер на Реал, Раул Браво кои се сметаат за организатори во „шемата“ за местење натпревари.

Полиција располага со видео на кое се слушаат следниве зборови: „Гледај, другар. Валенсија победува и во првото и во второто полувреме, така? Седум играчи се купени, не повеќе“.

Овие зборови се изрекуваат од страна на поранешниот напаѓач на голем број шпански клубови, Карлос Аранда, кој беше уапсен како дел од големата операција.

Валенсиај го доби натпреварот на гостински терен со 2:0 (полувреме 1:0). Оваа победа и донесе пласман во Лигата на шампионите, оставајќи го зад себе Гетафе кој мораше да се задоволи со учество во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…