Дома Фудбал Останато Чех пред вечерашното финале ја објасни разликата помеѓу Арсенал и Челзи

Чех пред вечерашното финале ја објасни разликата помеѓу Арсенал и Челзи

Петар Чех вечерва ќе го игра последниот натпревар во неговата кариера. Судбината сакаше тоа биде против клубот во кој стекна голема слава.

Арсенал и Челзи ќе се сретнат во финалето од Лигата на Европа, а легендарниот чешки голман ќе го брани голот на „топџиите“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Чех на „Стенфорд Бриџ“ помина цели 11 години, голот на Челзи го бранеше од 2004 до 2015 година и за тоа период освои пристоен број на трофеи.
Меѓутоа прилика за последениот трофеј во кариерата ќе има во дресот на Арсенал каде што брани од 2015 година.

На „Емирати“ пристигна во трансфер вреден 14 милиони евра, а набрзо потоа стана и капитен на овој клуб. Во најавата за финалниот натпревар Чех сликовито ја објасни разликата помеѓу двата лондонски клуба.

„Мислам дека во Арсенал генерално нема доволно притисок…Во Челзи кога би ремизирале во соблекувалната атмосферата беше како на погреб. Беше навистина лошо“, изјви 36 годишниот голман.

Сметајќи ги клупските и репрезентативните натпревари вечерашниот натпревар во Баку за Чех ќе биде 727- ми во кариерата. Освојувањето на трофејот сигурно би претставувало среќен крај на големата кариера. Без разлика дали ќе го подигне трофејот Чех вечерва сигурно ќе пушти некоја солза.

Освен за Арсенал и Челзи, Чех бранеше уште за Рен, Спарта Прага и Чмел Бласну. Со 124 натпревари е играчот со најмногу настапи во дресот на репрезентацијата на Чешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…