Дејан Милосављев имаше фантастична сезона и веднаш ги придоби симпатиите на вардаровите фанови.
Српскиот голман изјави дека сонува за трфеј во Лигата на шампиони, но никогаш нема да го заборави натпреварот против Пик Сегед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Натпреварот против Пик Сегед никогаш нема да го заборавам. Нашите фанови ни приредија неверојатно доживување. Немам соодветни зборови да го опишам чувството затоа што беше повеќе од спорт“, истакна Милосављев.
Вардар и оваа година се пласира на на Фајнал-фор турнирот, а Милосављев го сонува трофејот од ЛШ.
„Фајнал Фор е сон за секој ракометар и јас сум навистина среќен што ќе бидам дел од него. Келн покажал дека фаворитите ретко го освојуваат трофејот. Се надевам дека ќе бидеме фит и ќе дадеме максимум на теренот. Се на се ова беше неверојатна сезона, а мојата последна желба е да ја освоиме Лигата на шампионите“, додаде српскиот голман.