Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер е свесен дека секој нареден турнир би можел да му биде последен.
Роџер Федерер полека влегува во период во кој се почесто му се поставува прашањето за пензија. Сега тој зборуваше што се уште го држи на теренот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Што се уште ме држи на теренот? На крајот тоа е љубовта кон играта“, изјави Федерер и продолжи:
„Дали ова е мој последен Ролан Гарос? Секој турнир би можел да биде мој последен. Тоа не е исклучено. Меѓутоа не гледам на јас како на простување. Имам желба да играм и тоа не е променето“, изјави Федерер.
На прашањето кои му се целите на Ролан Гарос кратко одоговри:
„Се надевам дека ќе остварам неколку победи. Не знам што ждребот ќе донесе, тешко е да се зборува однапред“, порача Швајцарецот.