Два клуба покажуваат интерес за „Ел Фиедо“, трансфер во еден од нив би кренал голема прашина.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пренесуваат француските медиуми играчот за врска на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија се нашол на радарот на клубови од Италија и Шпанија.
Аргентинецот своевремено настапуваше во Шпанија за Реал, а сега се најде на радарот на нивниот градски ривал Атлетико.
Диего Симеоне ќе направи големи промени на стадионот „Ванда Метрополитано“ ова лето, одбраната ќе биде целосно реконструирана, а се бараат и квалитетни засилувања во средниот ред.
Вториот клуб кој покажа интерес за Ди Марија е милански Интер.
„Нероаѕурите“ се блиску до пласман во Лигата на шампионите и наредната сезона, имаат големи амбиции, па ова лето сигурно ќе се обидат квалитетно да се засилат.
Ди Марија со тимот на Интер на големо се поврзуваше и во текот на минатото лето, потоа нешто помалку и во зимскиот преоден рок, на крајот остана во Париз.
Сепак, големо прашање е дали Пари Сен Жермен е спремен да се откаже од Аргентинецот. Се шпекулираше дека ќе мораат да продаваат поради Финансискиот фер-плеј, но Томас Тухел наводно сака да го има Ди Марија на располагање и наредната сезона.
Како и да е останува да го почекаме летниот преоден рок и да видиме дали во овие најави на медиумите има вистина.