Дома Топ вести Маријано Диаз со два гола го предводеше Реал Мадрид до победа (ВИДЕО)

Маријано Диаз со два гола го предводеше Реал Мадрид до победа (ВИДЕО)

Реал Мадрид во 36-тото коло од Ла Лига на свој терен го совлада Виљареал со 3:2.

„Кралевите“ одлично влегоа во натпреварот. Погоди Маријано Диаз за предност на домашниот тим од 1:0. Меѓутоа радоста на домаќините кратко траеше бидејќи веќе во 11-тата минута Виљареал дојде до изедначување, а мрежата на Тибо Куртоа ја погоди Морено за 1:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, Реал на полувреме замина со предност. До втор гол екипата на Зидан стигна во 40-тата минута за 2:1 погоди Ваљехо.

Само што започна второто полувреме Реал постигна нов гол за водство од 3:1. Маријано го постигна својот втор погодок на овој натпревар.

Гостите во петата минута од судиското продолжение преку Коста кој постигна убав гол успеаа да намалат на 3:2.

За „кралевите“ оваа сезона е веќе изгубена и до крајот немаат за што да играат. Од друга страна Виљареал се уште се бори за да не испадне од најдобрата конкуренција во Шпанија.

На нив до крајот секој бод до крајот ќе им биде од голема важност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Битка за еден од најбараните во Премиер лигата: Еден клуб веќе се откажал!

Фудбалерот на крилна позиција од Борнмут, Антоан Семењо, веројатно ќе го напушти тимот во …