Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели би можел да се врати во Серија А.
„Супер Марио“ после три години би можел повторно да заигра во Серија А.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Меѓутоа, не во некој голем италијански клуб туку во редовите на клубот кој оваа сезона избори пласман од Серија Б во Серија А.
Како што пишуваат медиумите во оваа земја новиот член на најдоброто италијанско друштво сака да го доведе Балотели, а наводно и Балотели е заинтересиран за оваа идеја.
Балотели не ги крие симпатиите кон Бреша што и не чуди со оглед дека растеше во овој град и за него го врзуваат убави спомени.
Враќањето на Бреша во Серија А Балотели го прослави на друштвените мрежи, а бидејќи му истакува договорот со Марсеј информациите за враќање во Италија добива на значење.
Ќе потсетиме, Балотели во јануари пристигна во Марсеј од Ница и на 12 одиграни натпревари постигна осум погодоци.
Во својата кариера Балотели настапуваше уште за Лумезано, Интер, Милан, Ливерпул и Манчестер Сити.
За репрезентацијата на Италија забележа 36 натпревари и успеа да 14 пати да се запише во листата на стрелци.