Дома Фудбал Англија Навивачите на Ливерпул масовно поставуваат фотографии од напаѓачот на Барнли (ФОТО)

Навивачите на Ливерпул масовно поставуваат фотографии од напаѓачот на Барнли (ФОТО)

Манчестер Сити и Ливерпул ја продолжуваат трката за шампионската титула во Англија.

На три кола пред крајот на првенството, „граѓаните“ имаат еден бод предност и секоја грешка до крајот може на провиникот да му ја поклони титулата шампион на Англија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ливерпул својот натпревар од 36-тото коло го игра веќе во петок поради обврските во Лигата на шампионите, противник ќе им биде испаднатиот Хадерсфилд. Манчестер Сити во недела ќе гостува кај Барнли.

Барнли во понеделникот одигра одлично во дефанзива на „Стенфорд Бриџ“ против Челзи и дојдоа до еден бод (2:2). Навивачите на „црвените“ веруваат дека овој тим може да остане непоразен против Сити, па се одлучија на интересен потег.

Корисниците на Твитер кои навиваат за тимот од „Енфилд“ масовно поставуваа профилни фотографии од напаѓачот на Барнли, Ешли Барнс и се надеваат дека токму тој може да постигне гол со кој би му помогнал на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Необична ситуација во Англија: Тренер замени четири фудбалери уште во првата, еве и зошто!

Поранешната ѕвезда на Премиер лигата и актуелен тренер на Форест Грин Роверс, Роби Савиџ, …