Дома Трансфер зона Милан спреми 25 милиони за италијански репрезентативец!

Милан спреми 25 милиони за италијански репрезентативец!

Според пишувањето на италијанските медиуми, раководството на Милан ќе биде активно во текот на летниот трансфер период.

„Росонерите“ имаат во план сериозно да го засилат тимот и да станат се поконкурентни во борбата за највисоки успеси, а на „чизмата“ се повеќе се шпекулира за потенцијалните засилувања за кои наводно се наоѓаат на списокот на тренерот, Гатузо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Приоритет на „росонерите“ ќе биде да се засили средниот ред, каде заминуваат Монтоливо и Бертолачи. Најголема желба на италијанскиот клуб наводно е и 23-годишниот играч за врска Стефано Сенси кој игра одлично во дресот на Сасуоло.

Милан уште во јануари беше заинтересиран за потписот на Сенси, но тогаш не успеа да најде заеднички јазик со Сасуоло. Сега медиумите пишуваат дека Леонардо спремил понуда од 25 милиони евра и сака по секоја цена да го види Италијанецот на „Сан Сиро“.

За Сенси исто така интерес покажуваат уште Наполи и Интер, па Милан нема да има лесна задача, но наводно се наоѓа во предност пред ривалите.

Сенси оваа сезона во Серија А настапи на 27 натпревари, а на своето конто имa два гола и четири асистенции. Дека станува збор за одличен играч говори и фактот што Роберто Манчини му даде шанса и во репрезентацијата на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…