Аргентинскио стручњак Диего Симеоне ја “здрма“ јавноста во својата земја со изјавите за Меси и критиките од навивачите.
Меси веќе неколку години е мета на жестоки критики во Аргентина поради игрите во дресот на репрезентацијата, а еднаш дури се откажа од играње за националната селекција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите играчи на сите времиња најмногу го критикуваат бидејќи Аргентина никогаш не го освоила СП, иако во 2014. година беше на чекор до тоа.
Во одбрана на Меси застана Диего Симеоне кој порача дека едноставно не е фер во јавноста во Аргентина толку да се критикува Меси и само него да го обвинуваат за сите неуспеси.
„Јасно е дека секој има право да мисли што сака и тоа го почитувам. Но, луѓето не се фер што толку го критикуваат Меси поради репрезентацијата. Беше близу да го освои СП, за жал не успеа. Не ми е јасно зошто тоа го работат. Тој е фантастичен играч. Колку Златни топки освои? Колку даде голови? Колку пати решил натпревар и ја спасил својата екипа? Без него ништо немаше да биде исто.“ – изјави Симеоне.