Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган ова лето најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити, откако одби да го продолжи договорот со „граѓаните“.
Гундоган има договор со Манчестер Сити до 2020 година, но Гвардиола потврди дека одбил да ја продолжи соработката. Германецот сака поголема минутажа и ова лето најверојатно ќе ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Граѓаните“ нема да се противат на неговото заминување бидејќи следното лето Гундоган може да замине без обештетување.
Како што пренесуваат англиските медиуми најсилен интерес за германскиот репрезентативец покажува Интер и Гундоган може да ја продолжи кариерата на „Џузепе Меаца“.
Раководството на „нероаѕурите“ веќе стапило во контакт со агентите на Гундоган, но проблем е неговата голема плата. Имено, Германецот на „Етихад“ заработува 9 милиони евра по сезона, додека Интер е спремен да му понуди 6 милиони евра годишно.
#Inter–#Gundogan, non a qualunque cifra: ecco la richiesta per l'ingaggio [@TramacEma] https://t.co/ul6AMQnM5p pic.twitter.com/Z5uquaV3Pk
— calciomercato.com (@cmdotcom) April 17, 2019