Дома Фудбал Место седум милиони евра по сезона, избра да заработува 1.8 и да го спаси клубот од испаѓање!

Место седум милиони евра по сезона, избра да заработува 1.8 и да го спаси клубот од испаѓање!

Во време кога парите и милионските договори имаат големо влијание на одлуката на некои фудбалери за тоа каде ќе ја продолжат кариерата, Иаго Аспас е навистина редок случај.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фантастичниот напаѓач на Селта не играше три месеци поради повреда, а без него Селта победи само на еден од 11 натпревари и се најде во зоната на испаѓање. Но, откако Иаго се врати на теренот Селта освои седум бодови во три натпревари. Тие бодови Иаго практично ги донесе сам.

Против Виљареал постигна два гола во големиот пресврт и победата од 3:2, кон средината на минатата недела постигна еден и два пати асистираше во ремито со Хуеска од 3:3, за вчера против Реал Сосиедад да постигне два гола во уште еден пресврт на Селта за победа од 3:1.

Иаго Аспас е дете на Селта, а колку му значи клубот кој го израсна покажа во зимскиот преоден рок.

Шпанските медиуми објавија дека Аспас во јануарскиот преоден рок имал понуда вредна седум милиони евра по сезона од кинески клуб, но милионите за него не биле премногу важни и ги одбил Кинезите со цел да и помогне на Селта да остане во друштвото на најдобрите. Освен тоа тој го продолжи договорот со овој клуб до 2022 година и заработува 1.8 милиони евра по сезона.

Оваа сезона Аспас на 23 натпревари постигна 16 голови и запиша четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флорентино Перез на филмски начин договорил спектакуларен трансфер

Флорентино Перез направи низа одлични зделки во Реал Мадрид. Донесе некои од најголемите ф…