Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Един Џеко ова лето би можел да ја напушти Рома.
Реномираната „Газета дело Спорт“ објави дека Џеко ако ја напушти Рома може да заврши во редовите на ривалот од Серија А на Рома, Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер многу веројатно ќе треба да бара замена за Мауро Икарди кој не игра за тимот уште од кога овој клуб му ја одзема капитенската лента. Ако се земе предвид што се пишува во Италија минимални се шансите да се случи некаков пресврт и Икарди да се реши да остане во Интер.
„Газета“ пишува дека Интер е спремен на Рома да и плати оштета од 30 милиони евра.
Засега не е познато дали Џеко и Рома ќе одговорат на интересот на Интер и ќе започнат преговори.
Џеко во редовите на Рома пристигна во 2015 година од Рома и за „волчицата“ настапи на 196 натпревари и постигна 85 погодоци.