Италијанскиот шампион Јувентус е фаворит за потписот на новиот фудбалски „бисер“ на Апенините, Николо Заниоло, пренесува „Тутоспорт“.
Многу е веројатно младиот играч за врска да ја напушти Рома на крајот на сезоната ако „волчицата“ на обезбеди пласман во Топ 4 и со тоа не избори учество во Лигата на шампиони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интерес кон Занило покажуваат уште Милан, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но Јувентус во моментов е во пол-позиција за неговиот потпис.
Заниоло ова лето пристигна во Рома како дел од трансферот на Раџа Наинголан во Интер и при трампата беше проценет на 12 милиони евра.
Меѓутоа 19-годишниот фудбалер оваа сезона буквално „експлодира“, доби повик од италијанската репрезентација и неговата цена неколкукратно се зголеми.
Весникот тврди дека Јувентус е спремен да младиот Италијанец да плати 60 милиони евра.
Big clubs like Real Madrid and Man City want Nicolo Zaniolo, who's poised to leave Roma if they miss the CL. But Juventus are leading the race (CdS) pic.twitter.com/fcfgoMgRyD
— Vince Van Genechten ?? (@VVGenechten) March 19, 2019