Дома Останати Тенис Доминик Тим изненади и го победи Федерер во финалето на Индијан Велс

Доминик Тим изненади и го победи Федерер во финалето на Индијан Велс

Доминик Тим направи големо изненадување во финалето на Индијан Велс победувајќи го Роџер Федерер, така тој дојде до првата Мастерс титула во кариерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Искусниот Федерер беше голем фаворит во овој дуел, но Тим одигра фантастичен меч и на крајот заслужено славеше со 2:1 во сетови.

Првиот сет траеше 36 минути и изгледаше дека се оди според планот на Швајцарецот. Федерер првиот сет го доби со 6:3, но потоа Тим се „разбуди“. Одигра одлично во вториот сет и упсеа да изедначи на 1:1 во сетови. Вториот сет Тим го заврши за 38 минути и го доби со 6:3.

Иако многумина очекуваа дека Федерер ќе го освои Индијан Велс тоа не се случи. Тим продолжи со одличната игра и во третиот сет. Тој ја користеше секоја грешка на
Федерер и на крајот го доби сетот со 7:5 и го освои својата прва Мастерс титула во кариерата.

Федерер – Тим 1:2 (6:3, 3:6, 5:7)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра против Шпанка во првото коло од квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа го дозна името на својата прва противничка во квалификациите за Вимблдон. Ка…