Одличен натпревар одиграа Свонси и Манчестер Сити, а на крајот со голем пресврт Сити успеа да обезбеди пласман во полуфиналето во ФА купот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Манчестер Сити беше голем фаворит на гостувањето кај второлигашот Свонси, но на крајот составот на Пеп се спасуваше во последните моменти, откако губеше на полувреме со 2:0.
Домашниот тим дојде до водство по головите на Гримес во 20. минута од пенал и на Целина во 29 минута.
Сити во тие моменти беше на колена, но во продолжение на натпреварот се врати и на крајот дојде до голема победа и пласман во полуфиналето.
Прво Бернардо Силва во 69. минута намали на 2:1, а потоа Агуеро преку сомнително досуден пенал во 78. минута изедначи на 2:2, за истиот играч пред крајот на натпреварот постигна втор погодок за целосен пресврт и победа на Граѓаните.
Беше очигледно дека Агуеро беше во офсајд, но ВАР нема и Сити се пласира понатаму. Сепак, според прикажаното Сити заслужи да оди понатаму, со оглед дека беше многу подобар тим од домашната екипа.