Кина и официјално го именуваше поранешниот италијански капитен Фабио Канаваро за нов селектор на нивната фудбалска репрезентација.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Канаваро така ја продолжува италијанската традиција во Кина, па на кормилото на селекцијата ќе го наследи неговиот „ментор“, Марчело Липи.
Се уште не е јасно дали поранешниот дефанзивец ќе биде на чело на репрезентацијата за постојано или ќе извршува привремени должности, откако се потврди дека тој ќе остане и на чело на кинескиот клуб Гуангжу Евергранде.
Дебито на Канаваро како селектор на Кина ќе биде против Тајланд на 21 март. Доколку победат репрезентацијата на Кина ќе се соочи со победникот од натпреварот Узбекистан и Уругвај во финалето од Купот на Кина.