Дома Трансфер зона Спортинг Лисабон пред банкрот: Најголемата ѕвезда заминува по „дисконтна“ цена

Спортинг Лисабон пред банкрот: Најголемата ѕвезда заминува по „дисконтна“ цена

Португалскиот репрезнетативец Бруно Фернандес игра уште една одлучна сезона во Спортинг Лисабон, па на лето Милан и Ливерпул ќе водат битка за неговиот потпис.

Минатото лето Фернандес остана во клубот од Лисабон и покрај големиот интерес на европските гиганти. Оваа сезона за Спортинг запиша 31 настап во сите натпреварувања на кои постигна 17 гола и запиша осум асистенции.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бруно Фернандес има откупна клаузула од 100 милиони евра, а раководството на Спортинг има големи финансиски проблеми па сигурно ќе го стави на продажба по завршувањето на сезоната.

За Португалецот постои интерес од многу европски гиганти, а како главни фаворити за неговиот потпис се наведуваат Милан и Ливерпул.

Двата тима следното лето ќе се обидат да го донесат во своите редови, но јасно е дека не се спремни да ја платат сумата од неговата откупна клаузула и ќе се обидат да ги искористат финансиските проблеми на Спортиг за да ја намалат цената.

Овој 24-годишен играч за врска може да ги покрие сите позиции во среднот ред, а може да игра и како крило. Фернандес кариерата ја започна во Италија, играше за Удинесе и Сампдорија, а во 2017 година се врати во својата татковина и го облече дресот на Спортинг Лисабон.

Фернандес има до сега 11 настапи за португалската репрезентација, а настапи и на Светското првенство.

https://youtu.be/VS7nPmxNZKM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…