Манчестер Јунајтед после раскинувањето на договорот со Кристиано Роналдо, наскоро може да остане без уште еден важен фудбалер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Бруно Фернандеш сериозно размислува да го напушти „Олд Трафорд“, а најсериозен интерес за него покажува Реал Мадрид.
Португалецот е голема желба на тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти, а Реал е спремен наскоро да стапи во контакт со неговиот агент.
За Фернандеш е примамлива опција трансфер во Реал Мадрид, бидејќи ќе може да игра во Лигата на шампиони и да се бори за најважните трофеи.
Реал е спремен да понуди 80 милиони евра за неговиот потпис, но останува да се види како ќе реагира Манчестер Јунајтед, кој сигурно сака да ја задржи својата ѕвезда.