Барселона е заинтересирана за левиот бек на Атлетико Мадрид, Филипе Луис, пренесуваат каталонските медиуми.
Барса е спремна да му предложи договор на 33-годишниот Бразилец на кого договорот со Атлетико Мадрид му завршува на крајот на сезоната, тврди „Мундо Депортиво“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона нема адекватна алтернатива за Жорди Алба на левата бековска позиција, па смета дека Филипе Луис ќе биде идеално решение.
Атлетико Мадрид и Филипе Луис не можат да се договорат за нов договор, па Бразилецот најверојатно на крајот на сезоната ќе си замине од клубот како слободен агент.
Барселона во тоа гледа одлична шанса да добие големо засилување без пари и е спремна да му понуди двегодишен договор, па се очекува фудбалерот да ја прифати понудата.
Каталонскиот клуб има големи надежи за младиот Хуан Миранда, но тој има само 18 години, па од „Камп Ноу“ сакаат да имаат искусно решение за таа позиција.
Оваа сезона тренерот Ернесто Валверде принудно на левата бековска позиција ги користеше Сержи Роберто и Семедо, но тоа не се покажа како добро решение.
Филипе Луис е во Атлетико Мадрид цели девет години, со исклучок на една сезона која ја помина во Челзи. Бразилецот премина на „Стенфорд Бриџ“, но не се снајде во Премиер лигата и веднаш се врати во тимот на „јорганџиите“.
? [MD] | CHOLLO FILIPE LUIS
? The Atletico man is one of the players with similar profile to that of Alba in the left side of the team.
? He has quality, experience and he would arrive free, while Mendy would be expensive. pic.twitter.com/hip3a0ZxTX
— BarçaTimes (@BarcaTimes) February 22, 2019