Дома Трансфер зона Тотенхем ги сака ѕвездите на Милан и Сампдорија

Тотенхем ги сака ѕвездите на Милан и Сампдорија

Тотенхем не беше активен на пазарот од почетокот на сезоната и поради тоа често добиваше критики од голем број на навивачи.

Маурисио Покетино очигледно смета дека екипата со која располага е сосема доволна да ги задоволи амбициите на Тотенхем оваа сезона, но сепак „спарси“ работат на засилувања за следната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите кои пристигнуваат од Италија, потпреседателот на Сампдорија, Антонио Ромеро пред неколку бил во Лондон каде што разговарал со управата на „Петлите“.

Причината бил Јоаким Андерсен, одличниот дефанзивец кој е цел на Јувентус и Интер, но изгледа дека Англичаните сега се најконкурентни за неговиот потпис. Тотенхем сака алтернатива за Вертонген и Алдервилд, а Андерсен е проценет на 25 милиони евра, сума која „спарси“ немаат проблем да ја платат.

Меѓутоа, Тотенхем ќе го продолжи шопингот во Италија. Имено, скаутот на „спарси“ веќе подолго време ги следи настапите на Милан, а мета е Шпанецот Сусо.

Покетино го сака Сусо во своите редови, но тешко дека ќе ги убеди „росонерите“ да ја пуштат својата ѕвезда. Наводно лондонскиот клуб е спремен да му понуди на Милан размена и на „Сан Сиро“ да го испрати Лукас Моура за да го добие потписот на Сусо.

Тотенхем моментално е на третото место на табелата во Премиер лигата, но раководството ќе мора да го одврзе кесето доколку сака да се бори за трофеи следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се спрема голема „чистка“ во Манчестер Јунајтед: Сигурни се само тројца фудбалери!

Сем Џим Ретклиф најави големи промени во Манчестер јунајтед, а англиските медиуми пишуваат…