Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос ја појасни изјавата поради која беше обвинет дека намерно добил жолт картон на мечот со Ајакс во Лигата на шампиони.
Реал Мадрид победи во првиот натпревар на гостувањето во Амстердам со 2:1, а доколку биде утврдено дека Рамос намерно добил жолт картон може да добие казна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спорна беше и изјавата која ја даде Рамос веднаш по мечот бидејќи истакна дека би лажел ако каже дека не размислувал за жолт картон, но сега тврди дека погрешно бил разбран од страна на медиумите.
„Навистина ме изненади сето ова во изминативе два дена. Јас мислев на направениот прекршок, на прекршокот кој беше неизбежен. Не говорев за тоа дека намерно сум добил жолт картон. Немав избор, тоа беше контра напад и тоа многу опасен во 88-та минута. Натпреварот беше отворен и нивни гол немаше да биде добро во пресрет на реваншот. Поради тоа реков дека би лажел ако кажам дека не мислев за прекршокот“.
„Изненаден сум од сето ова, бидејќи ако сакав да изнудам жолт картон, ќе го направев тоа со Рома кога веќе бевме пласирани во наредната рунда, а последниот натпревар со ЦСКА Москва немаше никакво значење. За тој натпревар не бев ни селектиран“, изјави Рамос за „Марка“.
UEFA are set to hand Real Madrid centre-back Sergio Ramos an extended ban after admitting he purposely got booked in the match against Ajax last night.
Well that has backfired ? pic.twitter.com/lTiEoDepro
— Oddschanger (@Oddschanger) February 14, 2019