Maуро Икарди се уште не го продолжил договорот со „Нероаѕурите“, а после тоа што се случуваше пред два дена тешко и дека ќе се случи.
Икарди ја изгуби капитенската лента и таа во иднина ќе ја носи Самир Хандановиќ. Покрај тоа беше изоставен од тимот за вчерашниот натпревар на Интер против Рапид Виена. Освен тоа Икарди ќе го пропушти и натпреварот за викендот против Сампдорија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Објаснувањето е дека станува збор за ситна повреда, меѓутоа никој не верува во такво нешто.
Италијанскиот новинар Валер Де Маџо смета дека Икарди веќе има договор со Јувентус.
„Мислам дека во Интер веќе знаат дека Икарди има договор со Јувентус. Интер е голем клубот и Марота е одличен спортски директор кој добро си ја знае работата. Одземањето на капитенската лента е голема одлука и поради тоа сум сигурен – Икарди веќе постигнал договор со Јувентус“, порача Де Маџо
После ова „Кориере дело Спорт“ пишува дека Интер тргнал во потрага по негова замена и ќе се обиде да доведе ѕвезда во нападот.
Споменатиот медиум пренесува дека засега во Интер размислуваат за четири имиња, а помеѓу нив е и напаѓачот од редовите на нивниот ривал Рома, Един Џеко.
Џеко и претходно се доведуваше во врска со Интер, но засега посериозни контакти немало. Останува да видиме дали новонастаната ситуација ќе ги промени работите.
Босанскиот напаѓач во тековната сезона на 25 натпревари постигна 10 голови и запиша седум асистенции.
Освен Џеко со Интер се поврзуваат Ромелу Лукаку, Тимо Вернер и Дуван Запата.