Милан во зимскиот преоден рок се обиде да го ангажира плејмејкерот на Сасуоло, Стефано Сенси, но не успеа да постигна договор со „желено-црните“.
23-годишниот италијански репрезентативец веќе имаше договор со „росонерите“, но Сасуоло не сакаше да го пушто на позајмица со право на откуп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми тврдат дека Милан не се откажал и ќе се обиде да го донесе Сенси на „Сан Сиро“ во летниот преоден рок.
Сенси има договор со Сасуоло до 2020 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па клубовите ќе седнат на преговарачка маса.