Тимот на Металург денес се засили со специјалист за одбрана.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
27 годишниот хрватски пикер, Тео Чориќ стави потпис на 1.5 годишен договор со Металург и ќе му се приклучи на тимот на 15-ти февруари.
Хрватот важи за одличен дефанзивец играч и би требало со него тимот од Автокоманда да добие на цврстина во одбраната.
Во својата кариера го носеше дресот на Земет, Пореч, Загреб, Штудгарт и Рејн Викинг во втората Бундес лига од каде што пристигна во Автокоманда.
Од Металург вчера си замина португалското засилување Рибеиро кој не ги оправда очекувањата.