Дома Останати Тенис Хрват испиша историја: Стана најлошиот рангиран тенисер кој освоил мастерс турнир!

Хрват испиша историја: Стана најлошиот рангиран тенисер кој освоил мастерс турнир!

Хрватот Борна Чориќ испиша историја како најлошо рангиран тенисер на АТП листата кој триумфирал на мастерс-турнир откако го освои Синсинати со победата против Циципас од 7:6 и 6:2.

До освојувањето на турнирот тој стигна како 152 тенисер во светот, а американските медиуми неговиот успех го споредуваа со оној на Горан Иванишевиќ кој на „Вимблдон“ во 2001 година настапи со специјална покана.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со освојувањето на Синсинати Чориќ ќе направи неверојатен скок на АТП листата и ќе биде на 29. позиција на најновата ранг листа.

Исто така тој стана четвртиот хрватски тенисер со мастерс титула по Иванишевиќ, Иван Љуббичиќ и Марин Чилиќ. За овој триумф заработи 970.000 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал во Црна Гора: Голман нокаутираше соиграч! 🎥

Натпреварот помеѓу Будуќност и Сутјетска кој се одигра во Подгорица и заврши нерешено беше…