Дома Фудбал Солари пред „Ел Класико“: Сите фудбалери се здрави, одиме на победа!

Солари пред „Ел Класико“: Сите фудбалери се здрави, одиме на победа!

Тренерот на Реал Мадрид, Сантиаго Солари се наоѓа пред првиот свој голем предизвик во кариерата, мечот со Барселона во Купот на кралот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Солари седна на клупата на „кралевите“ токму после поразот на „Камп Ноу“ од 5:1 во Примера.

„Сакаме да победиме и да ги освоиме сите турнири во кои учествуваме. Целта е да играме мотивирано во сите турнири, па секој меч е како финале за нас. Скоро сите фудбалери се здрави и се спремни, најважно е сите да го дадат максимумот за тимот“, изјави Солари.

„Во фудбалот нема фудбалери кои се сигурни стартери. Сезоната е долга и понекогаш се случуваат непредвидливи работи. Ќе одлучам утре кој ќе игра. Секогаш е добро кога можеш да сметаш на скоро целиот тим“, додаде Солари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…