Дома Трансфер зона Епилог од „војната“ на Коларов со навивачите – трансфер во големиот ривал!

Епилог од „војната“ на Коларов со навивачите – трансфер во големиот ривал!

Aлександар Коларов, капитенот на репрезентацијата на Србија и фудбалер на Рома најверојтно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што се наведува низ медиумите на „Чизмата“, Рома ќе го стави Коларов на трансфер листата поради проблемите со навивачите кои ги има во последно време.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Договорот на Коларов со Рома истекува во 2020 година, но после сите случувања многу веројатно е дека ќе раздели со Рома ова лето.

Српскиот репрезентативец оваа сезона игра малку послабо од претходната, па и тоа му го отежнува продолжувањето на договорот. Како фаворит за негово доведување во овој момент се наведува тимот на Интер.

Тензијата помеѓу навивачите на Рома и играчите оваа сезона е огромна откако екипата беше посрамотена и понижена во Фиренца од Фиорентина со 7:1.
На удар се наоѓа комолетниот тим, но поединци помеѓу кои е и Коларов улрасите ги означија како мети.

https://www.youtube.com/watch?v=VvsnEYYQIVA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…