Франки Де Јонг од Ајакс пред неколку дена го комплетираше трансферот во Барселона за која ќе настапува од лето.
Де Јонг откако го комплетира потврди дека водел преговори со Манчестер Сити и ПСЖ, но дека Барселона била најголема во неговите очи.
Сега на оваа тема се огласи и Пеп Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сум разочаран од Де Јонг. Невозможно е да се спротиставувате на Барселона и Реал кога во прашање е борбата за некој играч, овој последен трансфер беше доказ за тоа. Овие два клуба секогаш имаат предност поради она што можат да го понудат, а тоа е дека можеби се најголемите во светот. Од ова можеме да извлечеме поука, а тоа во иднина да бидеме побрзи“, изјави Гвардиола.
Де Јонг во Барселона премина за сума од 75 милиони евра плус 11 како бонуси со што стана најскапиот Холанѓанец на сите времиња.