Дома Фудбал Иско му поставил услов на Реал Мадрид – „јас или тој“!

Иско му поставил услов на Реал Мадрид – „јас или тој“!

На Реал Мадрид не му оди оваа сезона, а освен што клубот е во резултатска криза и атмосферата во соблекувалната не е баш најдобра.

Иско е во втор план откако на кормилото на Реал Мадрид седна Сантијаго Солари.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ако заминува нема да му биде проблем да пронајде нов клуб Манчестер Сити, ПСЖ, Јувентус и Интер покажуваа интерес.

Но, во шпанските медиуми сега се појави вест дека Иско е спремен и да остане во Реал Марид ако клубот го исполни неговиот услов.

Условот на Иско наводно е Солари да не биде тренер на „кралевите“.

Шпанецот нема добар однос со Солари, најмногу е така затоа што поголемиот дел од натпреварите ги поминува на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси по потрошени 700 милиони евра за три години конечно најде „деветка“!

Од кога Американците се сопственици на Челси, потрошиле 700 милиони евра исклучиво на напа…