Младиот фудбалер Франки Де Јонг потврди дека Манчестер Сити и ПСЖ испраќале понуди.
Френки Де Јонг вчера потпиша за Барселона каде што ќе настапува од наредната сезона.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Станува збор за играч за врска кој на „Ноу Камп“ пристигнува за сума од 75 милиони евра, плус 11 како бонуси.
Де Јонг призна дека ПСЖ и Манчестер Сити биле сериозни во намерата да го доведат.
„Бев во Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, разговарав со Томас Тухел и Пеп Гвардиола. Двата клуба оставија добар впечаток на мене. Сепак, Барса беше најголема во моите очи. Шпанија ја сметав за најдобра опција“, изјави Де Јонг.
Овој фудбалер со трансферот во Барселона стана најскапиот Холанѓанец на сите времиња.