Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори успеа после голема борба да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Нишикори во епски меч кој траеше повеќе од пет часа го победи Карењо Буста со 3:2 сетови (6:7, 4:6, 7:6, 6:4, 7:6).
Овој меч сепак нема да се памети по големиот пресврт и драматичноста туку поради скандалот во тајбрејкот од одлучувачкиот сет.
Шпанецот Карењо водеше со 8:5 (се игра до 10 поени), а во тие моменти тој упати топка која удри во мрежата и падна на линија по што Нишикори заврши со смеч. Сепак, пред Јапонецот да го даде завршниот удар линискиот судија викна аут.
Тогаш Шпанецот побара челенџ кој му беше успешен и според правилата поенот требаше да се повтори, но главниот судија му го додели поенот на Јапонецот кој намали на 8:6 и го започна големиот пресврт.
Карењо со право влезе во жестока расправија со судијата кој не сакаше да ја промени одлуката. Веројатно следуваше и психички пад кој Нишикори го искористи и направи пресврт.
Шпанецот продолжи да беснее и после мечот, но немаше никаква корист.
— Drustvene mreze (@drustvenidrug) January 21, 2019