Оптимизмот кај Арсенал за реализација на трансферот на Денис Суарез од Барселона е се поголем, пренесуваат англиските медиуми.
Последните преговори помеѓу двата клуба биле исклучително позитивни и „топџиите“ веруваат дека наскоро ќе го комплетираат трансферот. Тие го сакаат Суарез на позајмица до крајот на сезоната со опција за перманентен трансфер на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од „Камп Ноу“ најпрво не сакаа да го пуштат играчот за врска на позајмица, но Суарез инсистира да ја промени средината во овој преоден рок.
Арсенал и дал гаранции на Барселона дека на лето ќе го откупи неговиот договор за 20 милиони евра, па двата клуба се блиску до комплетирање на зделката.