Иднината на Филипе Кутињо во Барселона е неизвесна, откако оваа сезона го загуби местото во првиот тим и се почесто ја грее клупата.
Најскапото засилување на Барселона не е задоволен од својот статус на „Камп Ноу“, па се почести се шпекулациите за негово враќање во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за бившиот фудбалер на Ливерпул, а „Мундо Депортиво“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ веќе ги направиле првите контакти со Бразилецот.
Шпанските медиуми пишуваат дека семејството на Кутињо ќе го има последниот збор, а тие во моментов се среќни во Шпанија, па мала е веројатноста Бразилецот да се врати во Англија.
Доколку се реализира трансферот јасно е дека тоа ќе биде голем удар за сите симпатизери на Ливерпул, со оглед на тоа дека Кутињо остави голема трага на „Енфилд“ и нема сомнеж дека тешко би го поднеле неговото преминување во редовите на лутиот ривал од Премиер лигата.