Давид де Геа е спремен да потпише нов долгорочен договор со Манчестер Јунајтед, но само доколку клубот ги прифати неговите финансиски барања.
Имено, шпанскиот голман бара плата од 300.000 фунти неделно. Тоа е значително зголемување на платата со оглед на фактот дека Де Геа во моментов заработува 200.000 фунти неделно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Геа има договор со „црвените ѓаволи“ до крајот на следната сезона, откако Јунајтед неодамна ја активираше клаузулата и автоматски му го договорот за нови 12 месеци.
Преговорите помеѓу двете страни се во тек веќе подолг период, но, истите, барем засега не вродија со плод. Останува да видиме дали Јунајтед ќе ги задоволи финансиските барања на голманот.
Де Геа пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011 година и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во светот.
David de Gea wants to commit his long-term future to Manchester United but is awaiting a suitable offer. He wants around £300,000 plus bonuses. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/aSuxuY4IqS
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 15, 2019