Тимот на Челзи на почетокот на јануарскиот преоден рок одлучи да се активира на трансфер пазарот и за сума од 64 милини евра во своите редови го доведе Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Сините“ се познати по тоа што оние играчи за кои нема место во тимот веднаш ги испраќа атна позајмица и се уште ги држи под договор, додека не се покажат како добар или лош потег. Така ќе биде и со Пулишиќ кој ќе остане во Дортмунд до крајот на сезоната.
Во овој момент Челзи има дури 42 играчи на позајмица и од нив може да се состави навистина респектабилен тим.
Француски „Л’Eкип“ малку се позабавува на оваа тема и направи тим од идеалните 11 играчи кои се на позајмица од редовите на „сините“.
