Дома Фудбал Англија Сари: Време е да се реши ситуацијата со Азар

Сари: Време е да се реши ситуацијата со Азар

sari

Mенаџерот на Челзи, Маурицио Сари пред натпреварот со Кристал Палас зборуваше за статусот на својот најважен фудбалер, Еден Азар кој често пати се поврзува со Реал Мадрид.

Италијанскиот стратег смета дека сите шпекулации околу наводниот трансфер на Азар во Реал Мадрид треба да се решат што побрзо.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Не знам дали Азар ќе остане, но време е да донесе одлука. Јас сум менаџер, не сум претседател на клубот. Не сум задолжен за трансфер пазарот, ја сум само тренер. Со него зборувам за работите на теренот. Мислам дека тој проблем мораме да го решиме“, изјави Сари.

Азар во Челзи настапува од 2012 година, а со овој клуб освои две титули во Премиер лигата, ФА Куп, Лига Куп и Лига Европа. Белгиецот за својот статус зборуваше после натпреварот на „Боксинг деј“ против Вотфорд (2:1).

„Фокусиран сум на она што се случува на теренот. За другите работи ќе зборуваме на крајот од сезоната“, гласеше изјавата на Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави добил понуда од клуб од Премиер лигата?

Чави Ернандез ја напушти Барселона, но многу брзо може да добие нов ангажман. Неколку шпан…