Дома Трансфер зона Голем трансфер во Турција: Робињо потпиша за Башакшекир!

Голем трансфер во Турција: Робињо потпиша за Башакшекир!

Лидерот во турското првенство, тимот на Башакшекир денес доби ново големо засилување, бразилската легенда Робињо.

Искусниот Бразилец кој наскоро ќе наполни 35 години дресот на Сиваспор го замени со тој на Башакшекир и ќе се обиде на тимот од Истанбул да му помогне да ја освои шампионската титула.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Нашиот клуб постигна договор со Сиваспор за трансферот на Робињо де Соуза“, стои во соопштението.

Робињо во Турција пристигна во 2018 година од Атлетико Минеиро, а најдобрите години ги помина во Европа играјќи за Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…