Дома Фудбал Италија Донарума: Ова е невозможно, зошто секогаш тие!

Донарума: Ова е невозможно, зошто секогаш тие!

Јувентус го победи Милан со 2:1, победничкиот гол го постигна Дибала во 97.минута од пенал. Пеналот предизвика бурни реакции кај фудбалерите на Милан, кои продолжиле и по завршувањето на натпреварот.

Еден од најгласните критичари бил младиот голман на Милан, Џиџи Донарума, кој во текот на натпреварот имаше неколку спектакуларни интервенции. Особено се истакна во 94.минута, кога му одбрани „мртва шанса“ на Игуаин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е невозможно. Секогаш тие, секогаш нив“, урлаше Донарума алудирајќи на тоа дека Јувентус добива помош од судиите.

Притоа младиот голман се сврти кон навивачите на „старата дама“ и го бакна грбот на Милан, со што стави крај на шпекулациите дека ќе се пресели во Јувентус.


ZBVTEby7IEySjlpL by goloviliga

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…