Дома Трансфер зона За нив двајца повеќе нема место на „Ноу Камп“ – заминуваат!

За нив двајца повеќе нема место на „Ноу Камп“ – заминуваат!

Во фудбалскиот свет со нетрпение се исчекува јануарскиот преоден рок во кој би можеле да видиме неколку посебно интересни трансфери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Европските гиганти веќе ги разгледуваат опциите за преодниот рок, а многу клубови ќе го искористат да направат промени во играчкиот кадар. Шпанските медиуми наведуваат дека во Барселона одлучиле кого да продадат за да направат место во екипата.

Каталонски „Спорт“ пишува дека Мунир Ел Хадади одбил да го продолжи договорот и тој сигурно ќе го напушти „Ноу Камп“ во јануари за на лето да не замине како слободен играч без оштета.

https://www.youtube.com/watch?v=zJxriG6zde4

Покрај него место во Барселона повеќе нема изгледа за Денис Суарез кој едноставно се „изгуби“. Суарез и во текот на летото имаше неколку понуди, но одлучи да остане верувајќи дека ќе добие поголема минутажата. Сепак, тоа не се случи и наводно е ставен на трансфер листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…