Извесно е дека Светската фудбалска организација ќе промени неколку правила во фудбалот, а ќе го укине и едно од најбизраните правила.
Според актуелното правило противничкиот фудбалер не смее да влезе во 16 метри при уфрлувањето на топката од страна на голманот после гол-аут и тоа ќе се промени!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новото правило и понатаму ќе им забранува на играчите да влезат во шеснаесентикот пред голманот да игра со топката, но во моментот кога ќе ја допре тие ќе можат да влезат во шеснаесетникот и да го пресечат додавањето.
Football's most absurd rule is set to change https://t.co/LMiPePlplY pic.twitter.com/EuuBhTRt96
— EDAFE MATTHEW ESEOGHENE (@ELEGBETE1) December 18, 2018
Новото правило се тестира на Светското првенство, истото натпреварување на кое пред две години се тестираше видео-технологијата.
Се очекува да се промени и правилото при измена – фудбалерот не ќе мора да излезе од центарот на теренот, туку од местото кое му е најблиску до аут линијата. Така би се спречило задржувањето време на овој начин.
Исто така едно од поважните правила е што при добивање на црвен картон играчот ќе го пропушти следниот натпревар без разлика дали станува збор за исто или различно натпреварување.
Новите правила би требало да бидат воведени од март 2019 година.