Дома Трансфер зона Одржан состанок помеѓу Раиола и Јувентус – се разговарало за тројца фудбалери!

Одржан состанок помеѓу Раиола и Јувентус – се разговарало за тројца фудбалери!

Фудбалскиот супер менаџер, Мино Раиола има некои силни врски со Јувентус, а своевремено беше и претставник на денешниот потпретседател на „старата дама“, Павел Недвед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми тврдат дека вчера бил одржан состанок помеѓу Раиола и Јувентус на кој се разговарало за тројца фудбалери: Моис Кин, Пол Погба и Матијас Де Лихт.

Како што пренесува „Скај Италија, главна тема на состанокот било продолжувањето на договорот на Моис Кин, а се наведува дека било одлучено Јувентус да потпише долгорочен договор со талентираниот напаѓач.

Исто така се разговарало за потенцијалниот трансфер на „Златното момче“ на Ајакс, Матијас Де Лихт. Сепак и понатаму се смета дека Барселона е во пол позиција за младиот Холанѓанец.

Една од темите бил и Пол Погба за кој од поодамна се шпекулира дека сака да се врати во Јувентус. Меѓутоа тешко е да се верува дека Манчестер Јунајтед ќе го продаде во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…