Дома Фудбал Останато Вида открива: Меси во Русија испратил подарок за цела репрезентација на Хрватска!

Вида открива: Меси во Русија испратил подарок за цела репрезентација на Хрватска!

Репрезентативецот на Хрватска, Домагој Вида одигра одличен Мундијал во Русија каде што со својата селекција стигна до сребрениот медал.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Вида и Ловрен беа одличен стоперски тандем и беа најзаслужни што нивниот тим стигна до финалето. Хрватскиот дефанзивец сега се потсети на Мундијалот, посебно на последниот натпревар од групната фаза кога го совладаа Исланд.

Тогаш на Аргентинците им беше потребна победа над Нигерија и пораз на Исланд за да се пласираат во осминафиналето. Вида откри дека Меси после тој натпревар испратил 30 свои потпишани дресови како подарок за делегацијата на Хрватска.

„Го искористи Иван Ракитиќ и преку него ни испрати на подарок 30 дресови со потпис. Сите во репрезентацијата добија дрес од Меси. Беше среќен што одигравме добар натпревар и на тој начин им помогнавме да се пласираат во следната фаза“, изјави Вида.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Силекс и Шкендија ќе играат во финалето од Купот на Македонија!

Силекс обезбеди пласман во финалето од Купот на Македонија, откако на домашен терен во Кра…