Дома Фудбал Останато ОПЕРАЦИЈА ДРАГАН: Шпиуни, неостварена средба, испрашување…Нови детали за ПСЖ – Звезда!

ОПЕРАЦИЈА ДРАГАН: Шпиуни, неостварена средба, испрашување…Нови детали за ПСЖ – Звезда!

Француските медиуми и понатаму се занимаваат со наводната местенка помеѓу Пари Сен Жермен и Црвена Звезда.

„Ле Поинт“ сериозно се залагаше на оваа тема, каде што истакнува дека во овој случај истрагата и понатаму е во тек и дека се сослушани двајца високи функционери на ПСЖ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, текстот има сериозни недостатоци, како што се несовпаѓањето на наводната уплата, бидејќи на едно место се споменуваат пет милиони, а на друго 2.7 милиони и добивка од 4.5 милиони евра.

Според нивните информации операцијата се води под име „Операција Драган“ и започната на основа на мистериозен извор за кого е откриено дека е од УЕФА.

Доушникот дојавил пред натпреварот дека се очекува конечен резултат со најмалку четири гола разлика во корист на ПСЖ, како и дека на натпреварот ќе има најмалку пет постигнати погодоци. Наводно имало обид да се уплати голема сума на победа на ПСЖ од пет голови разлика.

Тој открил и дека се очекува состанок на претседателот Насер Ал Келаифи во хотелот „Пенинсул“, агенти на француската полиција, инфилтрирани како шпиуни го чекале на тоа место, но таму не се појавил ниту првиот човек на ПСЖ, ниту некој од Звезда.

Во извештајот на „Ле Поинт“ се наведува дека полицијата ангажирала и експерт кој претходно работел на анализи под сомнежи за наместени натпревари и неговите истраги имале голем успех. Наводно тој открил дека неколку играчи на Звезда имале сомнителни акции, а според информациите на УЕФА дури седум играчи на Звезда биле вклучени во целиот случај.

Исто така се додава дека стигнале до информација која говори дека двајца луѓе од ПСЖ биле на сослушувањето во својства на сведоци пред реваншот на овие два клуба во Белград. Жан

На крајот се заклучува дека истрагата е и понатаму во тек и дека голема сума на пари требало да биде предадена на главниот осомничен во целиот случај, после натпреварот во хотелот во кој престојувале играчите на Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…