Дома Фудбал Италија Иконата на Јувентус призна дека навивал за Милан!

Иконата на Јувентус призна дека навивал за Милан!

Еден од легендарните играчи на Јувентус, Џорџо Киелини јавно призна дека пред да потпише за „старата дама“ навивал за Милан.

Со оглед на фактот дека ривалитетот помеѓу Милан и Јувентус е огромен во Италија, многу е веројатно навивачите да му се налутат на дефанзивецот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, Киелини во една телевизиска емисија призна дека како дете навивал за Милан и дека негов идол е Паоло Малдини.

„Јас како дете навивав за Милан, а мојот брат близнак за Јувентус. Идол ми беше Паоло Малдини. Кога ме повика Јувентус играв за Ливерно“, призна Киелини.

„Сепак, јас го сакам клубот за кој играм и мислам дека Јуве е голем чекор во мојата кариера. Исто случај ќе беше и да потпишев за Интер или Милан“, заклучи дефанзивецот.

Дербито помеѓу Јувентус и Милан на програмата е овој викенд, но Киелини најверојатно ќе го пропушти поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…