Дома Трансфер зона Наполи го доведува светскиот шампион?

Наполи го доведува светскиот шампион?

Еден од најдобрите тимови во Серија А е подготен да издвои големи пари за да се засили.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анчелоти го наследи Сари, а неговиот тим продолжи да бележи одлични резултати и да игра многу атрактивен и убав фудбал. Бенџамин Павард е играч кој експлодира на Мундијалот и одигра одлично во дресот на репрезентацијата која го освои првенството. Сите мислеа дека тој уште во текот на летото ќе го промени клубот, но сепак остана во Штутгарт, а дресот на германскиот клуб го облече во 2016. година.

Овој дефанзивец можеби не игра на многу позиции, но најчесто игра како десен бек, па многу медиуми се прашуваа дали овој интерес на Наполи е поврзан со можно заминување на Хисај? Дали Павард би можел да го замени десниот бек на Наполи за кого е заинтересиран Челзи и е подготвен да плати 50 милиони евра за него?

22-годишниот дефанзивец е цел и на Баерн и на Тотенхем. Се претпоставува дека Штутгарт би го продал за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…