Дома Фудбал Бејл никако да се разбуди од „кошмарот“

Бејл никако да се разбуди од „кошмарот“

Реал Мадрид синоќа со 2:0 ја победи Валенсија на „Сантиаго Бернабеу“, но тоа беше уште една лоша вечер за Герет Бејл.

Кога замина Кристиано Роналдо се очекуваше токму Бејл да стане лидер на Реал Мадрид, но Велшанецот буквално се „изгуби“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Синоќа против Валенсија играта ја напушти во 63-та минута, стадионот го исвирка, а ова беше веќе 10-ти меч во Примера на кој нема постигнато гол.

Моментално е 794 минути без гол и тоа е најдолгата низа откако пристигна во Реал Мадрид.

На Бејл синоќа навивачите му свиреа и во неколку наврати кога ја примаше топката против Валенсија, па дефинитивно ова за него е „кошмарен“ период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сестрата на Меси повредена во тешка сообраќајна несреќа – со автомобилот се забила во ѕид!

Сестрата на Леонел Меси, Марија Сол Меси, доживеа тешка сообраќајна несреќа во Мајами. Спо…